Ако сакате да уживате во луксузен живот на приватен остров, но немате доволно пари за тоа – еве можност за вас …

Ултра-богатото семејство, кое го поседува својот рај на Бахамите, бара еден пар кои би го чувале поседот и за тоа ќе бидат платени 120.000 УСД.

Семејството всушност сака да најде „искусен пар кој би станал долгорочен дел од нивниот тим што ќе им помага да ги одржуваат и негуваат нивните луксузни домови“.

Ангажираната двојка ќе ги има сите придобивки од целосното вработување, вклучително сместување, здравствено осигурување и осигурување од приватен стоматолог, со деловен автомобил. .

Нивните клучни должности би вклучувале грижа за големиот имот во Флорида, кој се состои од три куќи и имот на Бахамите со четири куќи, секоја со четири спални. Покрај тоа, двојката повремено ќе мора да заврши некоја попатна работа и да се грижи за гостите.

Редовно, двојката може да си ги споделува секојдневни работи, вклучително чистење, местење на кревети, одржување на бањата и сите други делови од вилата, додека тие исто така ќе бидат одговорни за перење алишта, пеглање и убав изглед на секој имот.

Работното време на парот би било од понеделник до петок од осум наутро до пет попладне, со повремени ангажмани за викенд кои би се плаќале како прекувремена работа.

Сè што ви треба за да аплицирате е возачка дозвола и лиценца за работа во САД.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваC&A ja претстави новата колекција – темел на летото 2021 година е ленот!
Следна објаваДиор одушеви со новата Диор Голд линија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ