Спалната соба е можеби најважниот простор во нашиот дом – тоа е место каде закрепнуваме по напорниот ден, барајќи нова енергија и сонувајќи ги најслатките соништа …

Затоа, исто како што вели поговорката „Облечете се за работа која сакате да ја имате, а не за онаа која ја работите“, нашата спална соба треба да добие дизајн што на некој начин ќе емитува сè што сме сонувале и за што сонуваме. За да ни помогнат во тоа, Hommes Studio дизајнираше серија спални соби, кои дефинитивно ќе го привлечат вашето внимание.

Софистициран Менхетен

Овој апартман има спална соба која создава пријатен, модерен амбиент со поставени две фотељи пред креветот заедно со уметничка централна маса. Со топли бои, текстури и дрвените доработки, оваа спална соба станува софистицирана и елегантна. Дизајнирана до најмалите детали, оваа соба зрачи со атмосфера на космополитски дух.

Класична романса

Спалната соба мора да биде тивка и пријатна. Оваа соба располага со елегантен дизајн на креветот и ноќни масички со дизајнерски допир. Зелените нијанси со детали на розовата, рафинирани материјали, богати бои и дизајнот на тапетите, ја прават оваа соба романтична. Прекрасни и софистицирани се детали во просторот покрај креветот. Розовата софа во контрастот со зелените нијанси на собата дава хармонија и мир.

Италијанска афера

Интимната спална соба е место каде што можеме да се ресетираме по напорниот ден и да имаме малку мир. Тоа е нашето мало прибежиште. Во внатрешноста на спалната соба Italian Affair, преовладува богатство од италијанска култура и вкус. Неверојатниот и драматичен дизајн на sидовите и таванот потсетуваат на италијанската ренесанса. Комодата заедно со раскошната декорација и луксузната ткаенина, создаваат раскошен и елегантен сет на спалната соба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМонистри, животински принт и проsирни ткаенини: модна ревија на Диор во Шангај
Следна објаваОвие славни мајки се породиja по 40 – тата година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ