Која храна содржи најмногу пестициди, а која најмалку …

Здравата исхрана се заснова на храна богата со овошје и зеленчук. Овошјето и зеленчукот навистина се здрава храна, но не е сè така црно-бело. Бидејќи до сега никогаш немало толку многу жители на земјата, соодветно на тој факт, се произведува и повеќе храна. И токму затоа употребата на пестициди, во земјоделството, никогаш не била поголема.

Пестицидите се исклучително токсични и штетни за нашето здравје, затоа навистина треба да избегнуваме храна што е загадена со пестициди.

Одредени пестициди, како што е пестицидот DCPA, толку се штетни што се класифицираат како канцерогени. Од друга страна, многу пестициди им штетат на развојот на децата и неродените бебиња, па затоа требало да се забрани употреба на хлорпирифос.

Која храна е најмногу загадена со пестициди, а која најмалку?

Секоја година, Работната група за заштита на животната средина  доставува извештај за контаминацијата на храната со пестициди. Оваа година тие заклучија дека 70% од тестираната храна не е загадена со пестициди.

Ова се намирници кои содржат најмалку пестициди: авокадо, слатка пченка, кромид, лук, грашок, модар патлиџан, аспарагус, зелка, карфиол и печурки.

Ова се намирници кои содржат најмногу пестициди: грејпфрут, портокали, лимони, мандарини, кељ, јаболка, пиперки, грозје и цреши.

Најзагрижувачки факт е дека пестицидите, како што се fungicida imazalila, можат и всушност продираат сè до внатрешноста на овошјето и зеленчукот. Затоа, ни лупењето на кората не е решение кое ни овозможува да ги избегнеме пестицидите.

НЕМА КОМЕНТАРИ