Моќта на театарот како унивезално средство за дијалог, промени и реформи во едно општество е огронмна и ги поттикнува луѓето и поединецот да ги преиспитаат своите гледишта и ставови а во истовреме им овозможува нови почетоци со помош на новооткриената вистина. Театарот му го дава на светот она кое највеќе му недостасува и по кое постојано копнее, а тоа е слободата како врвен принцип.
Во овие моменти на светска изолираност, заради пандемијата, најважно е театарот да ја инпирира стварноста отколку тој да биде инспириран од неа. Македонската ИТИ ПРОДУКЦИЈА на чело со Др. Иванка Апостолова го прави токму тоа, со својата неуморна енергија не инспирира сите нас во овие теки моменти на изолација и неможноста да се присуствува на претстави, тимот на ИТИ ПРОДУКЦИЈА ни овозможува да ја следиме нивната програма онлајн.
(Им благодариме).
Утре се одбележува Светскиот Ден на Театарот, а по тој повод актерката Емилија Мицевска Трајковиќ (Н.У. Драмски театар-Скопје, Македонија) ја чита светската порака напишана од британската актерка Хелен Мирен, преведена на македонски јазик.

 

 

‘Можеби оваа постојано присутна несигурност ги направи тетарџиитепоспособни да ја преживеат оваа пандемијасо мудрост и храброст”

Хелен Мирен

НЕМА КОМЕНТАРИ