Костум или рибарска мрежа?
Во комуникација со публиката, Џенифер Лопез сака да биде секогаш исклучително отворена, понекогаш дури и буквално: на пример, облече перфориран костум кој едвај го крие телото на sвездата и самоуверено чекори во кадарот.
Стајлингот е храбар, се разбира, а во исто време многу рационален. Па, проценете сами: прво – со таков костум сигурно нема да останете незабележани и второ – нема да ви биде жешко во текот на летото – со перфорираниот костум, терморегулацијата ви е обезбедена.
Се чини дека Џенифер предвидела сè. Фотографиите ги објави на својот Инстаграм профил и се посветени на новата колекција чевли DSW, иако мора да признаеме дека костумот го привлече вниманието на сите.