Секој родител сака на своето дете да му го даде најдоброто што може, било тоа да се играчки, образование и љубов …

Сепак, понекогаш животот се обидува да најде начини да нè спречи во тоа, фрлајќи пред нас бројни предизвици што нè оставаат во страв и вознемиреност, но сепак со многу верба во подобро утре.

Ова е токму тоа што се случи кога на сцена стапи пандемијата на вирусот корона – моравме себе, но и нашите деца да ги отргнеме од вообичаениот начин на живот и да се затвориме во нашите четири sида, наоѓајќи начин да уживаме во омилените филмови, серии, игри и бајки со оглед на сè што се случуваше околу нас.

Колку што возрасните (чија работа од канцеларија со молскавична брзина стана жонглирање помеѓу подготовка на ручек, домашни задачи и повикувања преку Скајп или Зум), сметаат дека пандемискиот период им е тежок, можеме да кажеме дека и децата ги чувствуваат силно сите овие проблеми и промени. 

Тие не можат да ги видат своите пријатели, баби и дедовци, омилени роднини и соседи, но се оставени на сопствената фантазија, која мора да им ја отвори вратата што ќе им овозможи барем на неколку моменти да избегаат од сè.

Познатиот бренд Circu реши да им помогне на сите родители кои сакаат да ја отклучат фантазијата на своите малечки, со лансирање на три незаборавни спални соби и детска соба за игри, кои се совршени за секојдневно уживање, учење и развој на децата. Користејќи ги најдобрите материјали и парчиња изработени по мерка, овие детски соби се простори каде што децата ќе ги раскажуваат своите приказни и ќе ги остварат своите соништа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМариони – столни ламби со златен печат!
Следна објаваКои фармерки ќе бидат во мода за сезоната пролет / лето 2021 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ