Љубовта која постои помеѓу куче и неговиот сопственик е нешто прекрасно …

Кога станува збор за Лулу, осумгодишен Бордер Коли, таа љубов доби цена од пет милиони долари.

Наводно, Лулу го наследила имотот на нејзиниот сопственик Бил Дорис во Нешвил и 5 милиони долари по неговата смрт. Како што дознаваме, за Лула сега се грижи Марта Бартон, која спомена дека добро го познава кучето, бидејќи нејзиниот сопственик честопати ја оставал со Марта кога требал да оди некаде. Во тестаментот на сопственикот стои следново: „5 милиони долари ќе бидат префрлени во фонд што ќе се формира по мојата смрт за да се грижи за моето куче Лулу“. Фондот ќе биде искористен за сите нејзини потреби, а Лулу ќе биде во сопственост на Марта Бартон “.

Останува да видиме кога Лулу ќе започне да ги троши своите пари, а нејзината сегашна сопственичка само се насмеа на спомнувањето на сад за храна направен од чисто злато или дијамантски ѓердан.

Првиот сопственик на ова куче, осумдесет и четиригодишниот Дорис, бил ерген и успешен бизнисмен кој поседувал голем број имоти и бил инвеститор. Неговиот имот во моментов е во фаза на проценка и не е познато колку е вреден, но сигурни сме дека Лулу има доволно пари за да си дозволи храна и се што сака.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPrada аксесоари – колекција пролет/лето 2021 година!
Следна објаваШик каубојски чизми!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ