Скриена во периферијата на Велика Британија, шеснаесет километри од луксузните и декадентни бутици и ресторани на Најтсбриџ, Crown Estate е локацијата на која е сместена Hampton Hall vila …
Овој британски објект, инспириран од естетиката на аристократските вили од шеснаесеттиот век, е проект кој потекнува од сосема друго време, но, во себе ги има сите модерни елементи неопходни за уживање во подобрата страна на животот.
Со своите 2.700 квадратни метри, таа во никој случај не е скромна. Нејзината фасада е совршен вовед во раскошот што го има внатре – низа коринтиски столбови гордо ги чуваат прекрасните камени sидови. Ако случајно комбинацијата на британски и грчки инспирации на самиот почеток ви се чини збунувачка, верувајте ни дека сите ваши сомнежи наскоро ќе испарат како утринската магла.
Ова не е само имот кој сакаме да го видиме, туку е одлично место за живеење. Со своите седумдесет соби, вилата Хамптон Хол ги нуди сите погодности на кои можете да помислите – од ложи и куглани, до затворен базен и единаесет спални соби, до барови, простории за билјард и гаража на две нивоа.
Како што веќе споменавме, овој имот е стратешки лоциран на само неколку километри од Најтсбриџ, Мејфер, Бонд стрит и најдобрите ресторани, уметнички галерии и други згради кои ве покануваат да уживате. Исто така, аеродромот Хитроу е оддалечен само на половина час, додека има одлични врски со деловните области во Лондон.
Без разлика дали новиот сопственик на оваа зграда ќе биде бизнисмен, или љубител на уметноста и културата, сигурни сме дека ќе ја открие својата среќа по првото будење во овој фантастичен дом.