Како што веќе знаете, цветот во своите безбројни форми и појави е симбол и извор на инспирација за многу креативци ширум светот …

Еден од нив е познатиот јапонски уметник, Такаши Мураками. Неговиот потпис во форма на детски насмеан цвет секогаш ќе биде она по што веднаш го разликува од сите други.

Откако креираше одличен часовник со овој симбол во соработка со брендот Hublot, уметникот сподели доза од својата креација и магија со целиот свет, создавајќи цел хотелски апартман …

Nazan Chairman Suite во хотелот Grand Hyatt Tokio е украсен со четиринаесет уметнички дела на Мураками и бројни активности поврзани со него. Пакетот за престој во овој апартман е дел од проектот Roppongi Hills Takashi Murakami, а им дава можност на гостите целосно да се потопат во неговиот свет.

Уметничкото дело што го краси просторот на апартманот вклучува слики, теписи и многу повеќе, со дефинитивно најимпресивната скулптура Flower Parent & Child висока 195 см, сместена во дневната соба.

Овој пакет ќе им се допадне не само на љубителите на уметноста, туку и на гурманите кои ќе имаат можност да уживаат во специјална вечера, кутија со извонредни слатки, шампањ, уметничка книга со потпис од Мураками, со ексклузивна маска и чаша.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБело сако како дел од модерниот стајлинг!
Следна објаваОАЕ нудат државјанство на талентирани и иновативни луѓе!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ