Ротквиците се полни со есенцијални витамини и минерали и, иако повеќето луѓе немаат навика да ги јадат, тие се исклучително добри за здравјето на целиот организам. Тие содржат високо ниво на витамини Ц и Б, железо, витамин К, магнезиум и цинк.

Овие хранливи материи се вклучени во голем број основни физиолошки процеси, од формирање на црвени крвни клетки до стимулација на варењето на храната. Подолу ви донесуваме 5 здравствени придобивки од консумирање ротквици.

Го зајакнуваат имунитетот

Витамините Ц и Б кои се наоѓаат во ротквицата помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем преку стимулирање на производството на бели крвни клетки. Тие исто така ја зголемуваат нивната способност да ја завршат својата работа, што вклучува уништување на микробите кои предизвикуваат болести и создавање антитела.

Витамините од групата Б им помагаат на ензимите да создадат нови органски молекули, основната компонента на сите клетки, што помага во зајакнување на имунитетот.

Против запек

Ротквиците се богати со растителни влакна кои помагаат да се спречи запек и други дигестивни проблеми.

Го намалуваат ризикот од дијабетес

Иако е потребно повеќе истражување, докажано е дека влакната во ротквицата можат да ја забават апсорпцијата на глукозата, спречувајќи скок на нивото на шеќер во крвта. На овој начин, ротквицата помага во спречување на дијабетес.

Помагаат при слабеење

Во 100 грама ротквица има само 16 калории бидејќи најголемиот дел од составот е вода. Не е ни чудо што може да уживате во оваа помалку лутичка храна без двоумење дури и ако сте на диета. Овој зеленчук е одличен извор на витамин Ц, диетални влакна, калиум и фолати, кои обезбедуваат енергија и го зајакнуваат имунитетот на организмот.

Ротквицата го чува црниот дроб здрав

Ротквицата содржи супстанции кои го неутрализираат билирубинот во црниот дроб, поради што се наметнува како одлично средство во борбата против жолтицата. Покрај тоа, таа е одлична храна за стимулирање на пролетната детоксикација – без разлика дали ја јадете сурово, цедете сок од неа или ја додавате во некои комплексни пијалоци за да го исчистите телото од насобраните токсини.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовитети: Постигнете нирвана во сопствениот дом!
Следна објаваBurberry со нова колекција за есен 2021 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ