Ристе Бојкоски-(1983) e македонски уметник, виртуозен гитарист и професор во ‘Школо за гитара Бојкоски’ со својот специфичен пристап кон подучувањето на своите ученици секојдневно создава вистински мали виртуози на кои гитарата им е верен придружник.
 
 Во неговото училиште младите таленти ги изучуваат сите правци во музиката, (класика, џез, забавна, народна, рок…). Ристе е наш денешен гостин, и му благодариме за одвоеното време да ни одговори на неколку прашања.
– Ристе, кој беше пресудниот момент во вашиот живот кога решивте дека гитарата ќе биде ваш верен придружник.
– Интересот за музиката го пројавив во раната детска возраст. Ја одбрав гитарата како најдруштвен инструмент, незнаејќи дека нашата дружба ќе продолжи да се развива и во  професионален ангажман. Можам да кажам дека нема конкретен, пресуден  момент, туку постојат низа од случувања кои ми го трасира патот.
 – Во вашето училиште освен дела за класична гитара, вие ги подучувате и разни стилови на музика. Колку е тешко да се прилагодат истите на овој инструмент.
– Класичната музика е еден вид на темел на професионалното музицирање, па оттаму нејзиното изучување е многу битен фактор во развојот на секој оној кој сака вистински да се посвети на еден инструмент. Всушност секој правец има своја тежинаи интересите на учениците заедно во коминација со моето искуство и видувањта заедно ја одредуваме насоката, а гитарата како инструмент одлично ги пружа тие можности.
– Ја работите најблагородната работа а тоа е подучување на млади таленти. За тоа е потребно целосна посветеност и доста време. Кажете ни како надоместувате енергијата и дали имате некое посебно хоби.
– Се согласувам со тоа што велите дека мојата професија е најблагородна, оттаму и ја црпам мојата енергија. Секој нареден успех и чекор на моите ученици прествува нова енергија за мене, а со оглед на тоа што навистина целосно се посветувам и немам одредено работно време, ми останува многу малку слободно време за други активностинадвор од работата и приватниот живот.
Каква е концепцијата во вашата настава, дали практикувате интегрирана настава можеби, освен практичниот дел дали имате и посебни прирачници за изучување на теоретскиот дел.
– Изучување на гитарата како инструмент, свирење за забава или професионално свирење се најважните аспекти од кои ја гледаме концепцијата на наствата која ја практукувам. Секој дел има посебен начин за спроведување. Освен што се користат прирачници за теоретскиот дел, важно е да се истакне способноста и вештината за пренесување на знаењето. Со засебни методи наспроти карактерот на учениците доаѓам до целта, а тоа е да се препознаат нивните желби и мотивацијата во вистинскиот момент за да го насочам успешно во вистинскиот правец со вистински материјалза работа и сето тоа да го спроведеме на еден лесен начин. На истиот начин одлучуваме и дали ученикот ќе посетува групна или индивидуална настава и дали ќе свири сам или во дует.
Морам да нагласам дека ова го постигнуваме со само еден час неделно.
– Кој момент во вашата професија преставува ваше најголемо задоволство.
– Освен тоа кога некој родител ќе ми каже дека детето со нетрпение го очекува мојот  следен час, моменти на радост и задоволство има многу… Самиот збор музика асоцира на задоволство.
На крај, би ве запрашала дали имате омилен гитарист.
Да,имам. Тоа е Пако Де Лусија.
 
???ШКОЛА ЗА ГИТАРА „БОЈКОСКИ“ ПРОДОЛЖУВА СО ДЕКЕМВРИСКИТЕ УПИСИ за КУРСЕВИ ПО ГИТАРА!!!???
?Информации на телефон 075 329 289
– професор Ристе Бојкоски ?‍?
? Брзо, професионално и ефикасно изучување на сите правци во музиката (класика, џез, народна, забавна, рок ..)
? Учење на нотите за само 2 седмици
? Учење на акордите за само еден месец
? По само еден месец членовите се способни самостојно да отсвират цели композиции
? Можност за приватни, индивидуални и ОНЛАЈН часови
Локации за настава во групи:
?Едукативен центар „Да Научиме“ – Центар, позади Црвен Крст
Локација за индивидуални часови:
?По договор
?Школото ќе работи и за време на зимскиот училишен распуст
***Запазени се сите мерки за заштита и превентива од COVID19 според препораките на Министерство за здравство***

НЕМА КОМЕНТАРИ