Сите ги сакаат новогодишните празници, вклучително и славните …

Украсената новогодишна елка во куќата создава чувство на приближување кон празниците, посебна удобност и расположение.

Ги најдовме најубавите новогодишни елки на славните – од традиционалната смрека Џејн Фонда до модерната новогодишна елка на Кјара Ферањи.

Новогодишна елка на Џејн Фонда

Божиќната елка на Џејн Фонда е направена во согласност со сите традиционални канони: живописни венци, фигури на Дедо Мраз, ангели, срца, црвени, златни и зелени лампиони. Сите овие украси создаваат новогодишна празнична атмосфера во куќата.

Новогодишна елка на Кајли Џенер

Семејството Кардашијан-Џенер никогаш не пропушта прилика да се собере и да се забавува. Сите тие се натпреваруваат во инвентивноста за украсување на нивните вили во Калифорнија. Кајли Џенер годинава ја имаше најубавата новогодишна елка меѓу сестрите. Таа ја украси со бели ламби – минималистички и стилски.

Новогодишната елка на Кjара Ферањи

Елката на италијанската модна блогерка Кјара Ферањи изгледа не помалку стилски од нејзините street style фотографии. Кјара во својот стан внесе триметарска елка, која се гледа дури и на вториот кат. Од украсите одбра сребрени , бели големи машни и шарени светла.

Новогодишна елка на Роузи Хантингтон Вајтли

Како што се приближува Божиќ, британската манекенка Роузи Хантингтон Вајтли го украси своето дрво во традиционални новогодишни бои. Фокусот беше на нијансите на бордо, златна и зелена боја. Елката е осветлено со светкави срциња и украсено со желади, кадифени ленти и скапоцени лампиони.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDonatellа Versace: Колекција pre fall 2021 година!
Следна објаваGivenchy: Урбани новитети ви колекцијата пролет/лето 2021 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ