Географски гледано, Дубаи се наоѓа директно во арапската пустина, но ако погледнеме што создадоа луѓето таму, тешко е во тоа да се поверува …

Дубаи ја има најголемата фонтана во светот, а нивното езеро во форма на цвет за настанот Експо 2020 го маѓепса целиот свет, додека мега-ресортот вреден 5 милијарди долари, сместен на шест тематски острови, полека стана дел од нашата реалност.

Оваа дестинација наскоро ќе стане позната по својот магичен, нов пловечки хотел, кој ќе го носи името Sea Palace Floating resort и ќе го најде своето место во марината на Дубаи.

Овој раскошен дел од Дубаи е познат по многуте декадентни удобности, како што е плажата The Beach at JBR – лежерен комплекс со ал-фреско-ресторани и песочни плажи.

Наскоро, сосема нов хотел со пет sвезди, кој всушност е делумно хотел, а делумно брод, ќе плови покрај брегот на Дубаи Марина. Sea Palace Resort се состои од централен хотел, со шест лебдечки вили кои го опкружуваат, а мора да признаеме дека е вистинско чудо, дури и според стандардите на Дубаи.

Бродоградилиштето од Емиратите, Сигејт, претстави една прекрасна структура што ќе биде дел од оваа приказна – Нептун, која може да се купи по цена од 20 милиони долари.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрактични и стилски: најубави ракавици за оваа сезона!
Следна објаваТренд на Инстаграм: облека инспирирана од шахот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ