Со оглед на тоа дека сè повеќе време поминуваме во сопствениот дом, треба да го направиме што е можно поубав, а растенијата се совршен начин за тоа.

Без разлика дали спаѓате во оние кои немаат проблем со одгледувањето на  растенијата или сте во другата група љубители на цвеќето, кои немаат среќа со истото, применете ги советите на искусните цвеќари и наскоро вашиот стан ќе биде исполнет со зеленило и нежни, цветни ароми.

3 совети за успешно одгледување на растенијата во затворен простор …

Прави информации

Пред да се упатите кон цвеќарницата, информирајте се на кое растение што му одговара. Одберете ги оние на кои ќе им одговараат условите во вашиот стан (температура, количина на светлина…). Не двоумете се да побарате совет од продавачот. Важно е да се знае точно каде ќе стои растението. Дали ќе ја разубави трпезариската маса, полицата за книги или празен агол покрај аголната гарнитура. Не купувајте по случаен избор, туку осмислете каков простор за растението всушност сакате.

Бидете флексибилни

Дадените упатства не треба да се следат слепо. Секојдневно наводнување веројатно не е потребно, но тоа не значи дека во меѓувреме треба да заборавите на потребите на растението. Осушени ливчиња, жолти лисја или сува земја укажуваат дека нешто треба да се промени. Колку побрзо го откриете проблемот, толку е поголема веројатноста да го решите.

Како правилно да се наводенува растението

Некои од нив не растат во земјата и воопшто не се налеваат, туку се потопуваат само за да им се овозможи на корените да апсорбираат вода. За да се спречи гниење, пред наводнување проверете дали е тоа воопшто потребно. Ако почвата под површинскиот слој е леплива и влажна, одложете го наводнувањето за друг ден.

Честото наводнување не зависи само од видот на растението, туку и од сезоната, температурата и влажноста на воздухот, како и количината на сончева светлина.

Непишано правило е дека во зима на цвеќето им треба помалку вода отколку во потоплите месеци.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCartier – пантерот е повторно во центар на вниманието!
Следна објаваКога конечно стануваме возрасни личности?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ