Едно од најубавите дела на класичната уметност, балетската бајка „Оревокршачка“, е неопходен дел од секоја новогодишна празнична магија, во сите делови на земјината топка. За само еден момент, ги носи своите обожаватели во волшебниот свет на Божиќен сјај, шаренило, радост, имагинација, принцеви и самовили.

Оревокршачка е приказна со среќен крај која му е потребна повеќе од било кога на целиот свет, а тоа го препозна и модното дуо ELFS, кое ја претстави својата најнова женска колекција за есен и зима 2020 година со уникатен едиторијал создаден во соработка со Хрватскиот народен театар во Загреб.

Приказната ја има измислено германскиот романтичар Ернст Теодор Амадеус Хофман и за првпат ја објавил во Берлин во 1816 година, а во француски манир во 1844 година ја прераскажал Александар Дима Постариот, за по 48 години Петар Чајковски да ја преточи во музика, а на балетската сцена ја поставува легендарниот Мариус Петипа. Оттогаш „Оревокршачка“ е еден од најпопуларните балети на светот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКујнa Atelier: безвремен дизајн за нова креативност!
Следна објаваОдлична зимска колекција: Прекрасни капути и плетива!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ