Предметите кои се убаво дизајнирани и карактеризирани со уникатен сјај, природно нè привлекуваат …

Најновата колекција потпишана од Себастијан Еразурис дефинитивно ќе го има тој ефект врз вас, штом ќе го слушнете нејзиното име – Reflection Collection. Новата серија рачно изработен скулпторски мебел ве поканува да го погледнете повторно и повторно, обрнувајќи посебно внимание на малите светови кои се формираат во рамките на секоја нејзина призма.

„Првиот дел од колекцијата е создаден во спомен на тетка ми која ни рече дека можеме да ги погледнеме, но никогаш да не ги допираме убавите предмети кои ги имаше во нејзината куќа. Фактот дека овие предмети беа надвор од допирот само ги направија помагични за моите браќа и мене, кои бевме воодушевени при секоја посета “, објаснува Еразурис.

Во паметен пресврт, орманите вклучуваат внатрешни светла и шпионки кои му овозможуваат на гледачот да sирне внатре и бесконечно да ги размножува предметите сместени внатре како калеидоскоп. Магија!

 

НЕМА КОМЕНТАРИ