Драго ни е да ве известиме дека на 6-ти, 7-ми и 8-ми ноември Театарот на
Навигаторот Цветко и Кино Култура – проект просторот организираат втора серија
на работилници како дел од проектот „Мајсторски работилници по актерска игра и
режија“. Во 2019 се оддржа првата серија неколку работилници за актерска игра и
режија во просторот на Кино Култура.


Оваа година ќе се оддржи работилницата за актери ПРОСТОР И АТМОСФЕРА –
според техниката на Михаил Чехов, која ќе биде предводена од Улрих Мејер –
Хорш, актер и режисер, која го истражува просторот во драмата „Вишнова градина“
на Антон П. Чехов. Што се случува кога ќе навлеземе во светот на пиесата и ќе
дозволиме да нè изненадат нејзината специфична динамика, енергија, јазик и
простор?
Она коешто ќе нè води низ ова истражување се концептот на Михаил Чехов за
„објективна атмосфера“ („душата на секое уметничко дело“), „Личната атмосфера
на ликот“, како и „Чувството на леснотија, форма, убавина и целината“.

Клучни зборови: Лична и објективна атмосфера – Просторот на актерот
наспроти просторот на ликот – Работа на восприемање – Високо Јас – Чувство
на леснотија, Чувство на форма,Чувство на убавина и Чувство на целина

Работни часови:
Сесија 1:        Петок 6-ти ноември,      18:00-20:00 часот,
Сесија 2:        Сабота 7-ти ноември,    11:00-12:30 часот,
Сесија 3:        Сабота 7-ми ноември,   18:00-19:30 часот,
Сесија 4:        Недела 8-ми ноември,  11:00-13:00 часот.
Подготовка: Ве замолуваме темелно да ја прочитате драмата „Вишнова градина“
на А.П.Чехов и да научите еден монолог од неа на македонски, англиски или на кој
било јазик кој ви одговара.

Пријавување:  На работилницата можат да се пријават сите професионални,
дипломирани актери или студенти по актерска игра.
Ве молиме испратете e-mail на mihailcehovskopje@gmail.com со вашето име и
презиме, и класа на дипломирање или година и класа во која сте на моменталните

Друштвото за театарски и едукативни дејности
ТЕАТАР НА НАВИГАТОРОТ ЦВЕТКО ДОО Скопје
адреса: Георги Димитров 44,1000 Скопје
Р.С. Македонија

студии, а со оглед на тоа што работниот јазик ќе биде англиски, напишете ни дали
ви е потребен превод од англиски на македонски јазик. За време на работилницата
ќе има одговорно лице за превод, доколку има потреба од тоа.
Работилницата ќе се одвива на платформата Zoom, а бројот на учесници ограничен.
На првиот ден од работилницата ќе добиете меил со линк до сесијата и
дополнителни информации.

Техниката на Михаил Чехов – како прецизен набљудувач на „креативниот процес“,
Чехов ја истражувал играта меѓу психата и телото, недопирливото и допирливото.
Открил едноставни и јасни алатки за актерот, основани на моќта на
Концентрацијата и Имагинацијата, на Психолошкиот гест, Имагинарниот центар и
Атмосферата.
Применети во пракса, овие техники му овозможуваат на актерот да го открие
својот лик за релативно кратко време. Техниките отвараат врати кон креативната
индивидуалност на актерот.

Михаил Чехов е светски признаен како еден од најголемите актери на дваесеттиот
век. Во Московскиот Уметнички Театар, соработката меѓу К. Станиславски, Е.
Вахтангов, В. Мејерхољд и М. Чехов води до театар кој бил храбар, експресивен и
имагинативен. Во нивната работа, тие трагале по начела коишто би довеле до
инспирирано актерство. Ова истражување, го навело Чехов да развие своја
сопствена психо-физичка актерска техника, која ги вклучува телото и
имагинацијата.
Откако заминал од Русија во 1928 година, Чехов поминал единаесет години низ
Европа како актер, режисер и професор. Соработувал со Макс Рејнхард во Берлин и
Виена, основал своја трупа во Париз и режирал во театрите во Рига и балтичките
земји. Во 1936 година го отворил Театарското Студио Чехов во Дарингтон Хол,
Англија.
Во 1939 година, се преселил во САД, кадешто предавал во Њујорк и во Холивуд.

Улрих Мејер-Хорш е актер, режисер и уметнички директор на Школата за театар
Хамбург и основач на Михаил Чехов – Европа. Тој режира и игра во Германија и
регионот повеќе од 25 години: Киелски театар, Лубек театар, Германски театар
Хамбург, Франкфуртски театар, Хамбург, Хамбуршки камерен театар, Алтонаер
театар, Комедија Дизелдорф и Максим Горки театарот во Берлин, како и многу
други. Соработувал со Симон Мекберни, Аугусто Боал и Јоши Оида. Како
наградуван режисер, познат е по поставките на Бертолд Брехт и Антон Чехов. До
2015 година бил уметнички ко-директор на Kreuzgangspiele Feuchtwangen, еден од
најголемите германски летни театри.

Друштвото за театарски и едукативни дејности
ТЕАТАР НА НАВИГАТОРОТ ЦВЕТКО ДОО Скопје
адреса: Георги Димитров 44,1000 Скопје
Р.С. Македонија

Улрих Мејер-Хорш се стекнал со уметничко образование во Школата за театар О33
и има дипломирано театарска педагогија, теологија и филозофија од
универзитетите во Хајделберг, Хамбург, Кил и Кралскиот колеџ, Лондон. Учел со
поранешните ученици на Михаил Чехов, Хурт Хатфилд, Диадри Хрст ду Преј, Мала
Пауерс и Јоана Мерлин, како и со мастер-професори од Германија и Русија. Во
неговиот пристап кон Чеховската техника, тој вклучува и истражувачки методи на
детските игри и работа со маски.
Од 1994 година па наваму, има предавано низ Европа, Русија, Ерменија, Средниот
Исток, Бразил, Уругвај, САД, Јапонија, Сингапур и Тајван. Тој е предавач на
универзитетот Једитепе, Истанбул, Турција и член на меѓународниот наставнички
совет на Асоцијацијата Михаил Чехов, Њујорк. Основач е на Михаил Чехов –
Европа, ко-основач на образовната наставна програма на МЧЕ којашто се предава
во 15 земји во Европа и Азија.
www.michaelchekhov.eu
www.sfsh.de/chekhov-international

*****
ПРОСТОР И АТМОСФЕРА – актерска работилница
Работилницата е дел од програмата Мајсторски работилници по актерска игра и
режија организирана од Театар на навигаторот Цветко, и проект просторот Кино
Култура.
Проектот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура на РС
Македонија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд: 5 одлични беж комбинации за есенската сезона!
Следна објаваСветски познати теоретичари и експерти на уметноста ќе одржат онлајн предавања во МСУ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ