Зад стилот на секоја модерна жена стои фантастична торба …

Како што ќе потврди секоја жена на планетата, торбата е неизоставен дел од секоја комбинација на облека – без разлика дали се користи како простор каде што можете да ги чувате сите ваши секојдневни потреби или како моден додаток кој совршено ја истакнува облеката. Многу жени сметаат дека чантите се огледало на нивниот личен стил, со кој му откриваат дел од себе на светот, на многу интригантен начин.

Иако мажите имаат навика да кажат дека женските чанти се без дно, во кои може да се најде дури и она што никој никогаш не би го очекувал, дека губат половина од животот барајќи нешто во сите тие прегради. Модните дизајнери решија да им покажат колку тие не се во право. Трендот на микро чантите го освои целиот свет пред две години, кога познатата и екстравагантна модна куќа Jacquemus го претстави својот модел Le Chiquito, кој не собира ниту еден мобилен телефон. Модната јавност полуде од апсурдот на овој трендовски модел, кој се продаваше како алва.

Сега и Шанел, исто така, одлучи да создаде своја визија на минијатурен модел, кои го презентираа за време на нивната ревија во Париз. Вирџини Виар ја разбрани површината во светот на модата кога презентираше намалени верзии на торбата 2.55, привезоци за ремени и чанти кои можат да се носат преку телото. Слободно можеме да кажеме дека ова се најслатките чанти што некогаш сме ги виделе, а прашање на време е кога тие ќе станат клучен дел од модните комбинации на главните модни инфлуенсерки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави есенски мантили!
Следна објаваНајубавите чевли „Mary Jane“ повторно се во тренд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ