Диор ја претстави новата колекција пролет / лето 2021 година како дел од Париската модна недела.

Диор и нејзината креативна директорка Марија Грација Кјури ја претставија колекцијата за пролет / лето 2021 година. Од Jardin des Tuileries во Париз, тие ја пренесуваа модната ревија во живо преку каналите за комуникација на куќата. Местото на модната писта беше украсено со дела на италијанската визуелна уметница Луција Маркучи, кои потсетуваат на витражи во катедралите.

Проsирни фустани, романтични везени детали на кошулите и макси плетени фустани или комбинезони кои потсетуваат на везови, сино-сини парчиња, фустани и долги палта, силни бохо елементи, ја поддржуваат очигледна намера на дизајнерката да ја истакне грациозноста на природната, глобална убавина и мирната моќ која ја крие женската природа.

Погледнете ја целосната презентација на колекцијата во видеото од каналот Јутјуб на Диор.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСакате тенка фигура и шик изглед – обложете се на палацо панталони!
Следна објаваПовик за изработка на концепт за видео игра за зачувување на животната средина
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ