Плетење, возење велосипед или блогирање?

Британски научници спроведоа специјални карантински тестови за да откријат кои активности се најдобри за надминување на стресот од секојдневниот и работниот живот.

Во најстресната година во поновата историја, британскиот diys.com одлучи да спроведе масовно истражување. Аналитичарите идентификуваа над 20 традиционални хобија на Британците и утврдија кое хоби најдобро ги смирува нервите за време на пандемијата КОВИД-19 и во периодот по карантин.

За да го направат ова, сите волонтери го измерија срцевиот ритам при различни промени во активноста. Утврдено е дека плетењето е најомилено хоби откако направиле над 2.000 тестови на испитаници на возраст од 20 до 30 години. Вежбата на плетење потсетува на медитација и веднаш го носи лицето во состојба на одмор, намалувајќи ја вознемиреноста за 18%.

Другите релаксирачки активности се: риболов, блогирање (!), калиграфија и сликање.

На последно место, беше чудно е возењето на велосипед, кое го зголемува срцевиот ритам до 175 отчукувања во минута и може да ја зголеми ансиозноста.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVictoria Beckham: Лелеави фустани, неонски панталони и многу ланци за пролет / лето 2021!
Следна објаваУдобни џемпери кои треба да ги купите веднаш!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ