Консумирањето на појадокот и избегнувањето на храната навечер е најдобро за согорување на маснотии и слабеење, докажуваат новите истражувања.

Повеќето луѓе се обидуваат да изгубат тежина со повремено постење и со тоа да изгубат вишок на килограми. Но, важно е во кој дел од денот постите затоа што не станува збор само за тоа колку јадете, туку и кога јадете.

Во студија спроведена на Универзитетот во Мичиген, истражувачите го следеле метаболизмот на шест лица кои јаделе оброци во различно време од денот.

Во една од групите, учесниците јаделе појадок, ручек и вечера. Во втората група, учесниците го прескокнувале појадокот, но исто така им било даден дополнителен оброк како ужина доцна во ноќта.

Истражувачите го следеле метаболизмот на учесниците користејќи ја Вандербилтовата комора која овозможува постојано мерење на брзината на метаболизмот и распаѓањето на јаглехидратите и мастите.

Тие откриле дека едната група иако имала постојан внес на калории и ниво на активност, времето на венсување храна значително влијаело на тоа колку маснотии согорувале.

„Ова потврдува дека времето на консумирање на оброците во текот на денот и пред спиење, влијае на согорувањето на маснотиите“.

Авторот на студијата Кевин Кели, потврдува, дека секоја храна која е внесена пред спиење ќе го одложи согорувањето на маснотиите (за време-траењето на спиењето).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНазад во канцеларија? Да, но со најубавите шик кошули!
Следна објаваКупатила во црни тонови: ултимативен водич за декорација!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ