Љубителите на џин тоник ќе го обожаваат овој десерт!

Состојки:

-200 грама чајни колачи

-100 грама путер

-500 грама крем сир

-25 грама шеќер во прав

-50 мл џин

-1 лажичка лимета (или лимонов сок)

-100 грама бела чоколада

-300 мл слатка павлака

Подготовка:

1. Прво од чајните колачи направете мрвици. Можете  да користите блендер. Измешајте ги со растопениот путер и смесата ставете ја во сад за колач со пречник од 20 цм. Ставете во фрижидер.

Додека основата со кексот стои во фрижидер, во голем сад измешајте го крем сирот, шеќерот, џинот, сокот од лимета и рендан лимон. Мешајте додека не добиете мазна смеса. Стопете ја белата чоколада и оставете околу две минути да се излади, а потоа измешајте со кремот.

Посебно изматете ја слатката павлака и нежно измешајте ја со смесата од бело чоколадо и крем сир. На крајот кремот прелијте врз кексот и ставете во фрижидер најмалку шест часа, а пожелно е колачот да отстои преку ноќ.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКои се бенефитите од ѓумбирот!
Следна објаваСамо еден одличен акцент може да ве направи sвезда на стилот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ