Кога сте меѓу најбогатите луѓе во светот, што правите за да се израдувате себеси?

Сите автомобили, накит, вили и сè друго што може да се купат не можат да ви го купат чувството на среќакое доаѓа од титулата „најбогат“. Некои се потпираат на списанието „Форбс“ и нивните списоци на најбогати, молејќи се до сите божества да се најдат во тој – топ 10 избор.

Некои се борат како да се најдат токму таму. Но, сепак, не смееме да заборавиме дека со  светот владее Инстаграм и единствениот пат кој ве води до посакуваната титула на Форбс, оди преку Инстаграм.

Највисоко платените познати личности на Инстаграм секако се некои од најбогатите луѓе во светот, а ние откриваме десет личности со најголема заработка.

(1/10 10. Ники Минај, 119 милиони следбеници на Инстаграм, 625.000 УСД по објава (пост)

Оника Тања Марај-Пети, или Ники Минај, е една од највлијателните женски рап-уметници на сите времиња. Таа дури двапати се најде на самиот врв на Билборд Хот 100, додека исто така беше номинирана за 10 Греми награди. Во 2016 година, таа се најде на листата на 100 највлијателни луѓе во светот формирана од магазинот „Тајмс“.

(2/10) 9. Џенифер Лопез, 126 милиони следбеници на Инстаграм, 663.000 долари по објава

Фановите на Џеј Ло, на нејзината сметка на Инстаграм, добиваат шанса да sирнат во нејзиниот приватен живот. Таа го документира секој аспект од нејзиниот живот – од вежбање, преку интересни најави, до сè друго помеѓу. Таа знае дека нејзините фанови со нетрпение го очекуваат секој нејзин пост.

(3/10) 8. Тејлор Свифт, 136 милиони следбеници на Инстаграм, 722,000 долари по објава

Тејлор Свифт е дефинитивно една од најпопуларните личности на Инстаграм, а многумина ќе кажат дека сето тоа е поради нејзиниот глас и стас.

(4/10) 7. Џастин Бибер, 141 милиони следбеници на Инстаграм, 747.000 УСД по објава

Sвездата комуницира за неговиот личен и професионален живот преку Инстаграм. Тој, исто така, споделува симпатични слики од неговиот живот со супермоделот Хејли, што е интересно за неговите фанови.

 

(5/10) 6. Бијонсе Ноулс, 150 милиони следбеници на Инстаграм, 770,000 долари по објава

Знаеме дека Бијонсе наплатува неверојатна сума пари по објава на Инстаграм, но дали знаевте дека таа не следи никого на Инстаграм? Нејзината платформа е полна со впечатливи наслови, фотографии со професионален изглед, но и неколку искрени моменти.

 

(6/10) 5.Селена Гомез, 183 милиони следбеници на Инстаграм, 848.000 долари по објава

Селена е една од највлијателните познати личности на социјалните медиуми. На нејзиниот профил таа објавува бројни работи од нејзиниот приватен живот, кои фановите со нетрпение ги чекаат.

 

(7/10) 4. Ариана Гранде, 195 милиони следбеници, 853.000 долари по објава

Кралицата на Инстаграм е Ариана Гранде. Таа ги освои срцата со своите албуми и сега е меѓу најголемите sвезди на Инстаграм со масовна публика. Таа споделува сè со своите обожаватели, од фотографиите зад сцената до искрени пораки.

 

8/10) 3. Ким Кардашијан, 180 милиони следбеници на Инстаграм, 858.000 долари по објава

Фановите добиваат дневна доза од нејзините колекции за шминка и нејзината Ским линија. Нејзиниот feed е полн со сè што се случува во нејзиниот живот – шминка, гламур, деца, Кање и фамилија. Иако постои добра количина на сексуалност, нејзините омилени објави се оние во кои Ким Кардашијан е целосно модерно облечена и како мајка.

 

9/10) 2. Кајли Џенер, 186 милиони следбеници на Инстаграм, 986.000 долари по објава

Таа е несомнено од најплатените инфлуенсерки на Инстаграм, оставајќи ги зад себе имињата како Бијонсе, Ким Кардашијан, Селена Гомез. Секој што ја следи Кајли на Инстаграм, добива информации од прва рака за нејзиниот живот, ќерка, работа и забава.

(10/10) 1. Двејн Џонсон, 190 милиони следбеници на Инстаграм, 1.015.000 долари по објава

Двејн Рок Џонсон преку еден пост на Инстаграм го создава она што повеќето луѓе можеби нема да го заработат во животот, што го прави најплатен инфлуенсер на Инстаграм во светот. Борачот кој стана актер може да им наплаќа на огласувачите повеќе од милион долари за секоја спонзорирана објава, според податоците  на компанијата за маркетинг на социјалните мрежи „Hopper HQ“. Веста за богатството на Џонсон не е изненадувачка, бидејќи 48-годишникот беше прогласен за еден од најплатените холивудски актери во 2019 година од деловното списание „Форбс“, а сега е на врвот на списокот на богатите на Инстаграм.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата куќа на Џон Бон Џови со поглед кон океанот
Следна објаваВолшебна колекција на Салваторе Ферагамо!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ