Сè ново што се отвора во светот (по пандемијата која ги освои скоро сите земји), ние го поздравуваме со голем ентузијазам…

Отворањето на Deck in The Crystal Sky Bridge во Raffles City Chongquin е само еден ваков настан, кој беше распродаден и навистина добро прифатен. Оваа панорамска галерија висока 250 метри беше една од најочекуваните атракции во Кина, а пред неколку денови, таа конечно беше отворена за посетители.

Ова е прва поголема атракција која се отвори во градот, откако конечно се намалија мерките за заштита од короната, но тоа не беше единствената причина заради која беше опкружена со посетителите. Според наводите, ова е една од најинтересните точки во градот, која има стаклено дно и нуди панорамски поглед.

Дури и пред официјално да се отвори, таа го доби прекарот „хоризонтален облакодер“ затоа што содржи 10.000 квадратни метри простор, долг е 300 метри и широк 32,5 метри. Посетителите исто така можат да ја искористат можноста и да научат нешто ново за развојот на овој град додека се таму, затоа што можат да ја посетат изложбата дизајнирана во соработка со списанието National Geographic.
Сите мерки за заштита кои сè уште се во сила се применуваат овде, додека само 3000 билети се достапни за купување на дневна основа.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVersace ја лансира новата колекција на торби Virtus!
Следна објаваЕдноставен рецепт за коктел со џин
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ