Секој човек различно се справува со стресот. Понекогаш стресот има позитивен ефект врз нашето однесување, нè мотивира да работиме, како што е учење пред испити или темелна подготовка пред интервју за работа.
Но, понекогаш стресот може сериозно да го наруши нашето здравје и односите со најблиските, затоа е неопходно да се побара решение и да се намали негативното влијание на стресот.

Подолу ви донесуваме 3 совети како да го ублажите дури и најтешкиот ден.

Следете ја вашата интуиција
Како и секоја добро организирана личност, важно е да имате план за сè и да го организирате денот. Но, ако понекогаш имате чудно чувство во стомакот кое ќе ви каже дека некои работи не треба да ги правите според редоследот кој сте го замислиле, одложете ги за подоцна. Кога ќе ви се случи оваа ситуација, тоа е вашата интуиција која ви кажува, а таа ретко прави грешки.
Понекогаш најдобрата одлука е да дозволиме нашиот внатрешен глас да нè води низ животот затоа што на тој начин ќе се спасиме од дополнителен стрес.

Забавете
Ако се чувствувате уморни и немате сила да ги извршувате своите должности, немојте. Забавете, одвојте малку време само за себе и прошетајте или само излезете на воздух и пијте кафе на сонце во друштво на пријатели. Заборавете на телефонот и другите работи што ви прават стрес и оставете си неколку минути да се опуштите.
Пронајдете дополнителна мотивација во себе и само тогаш вратете се на своите обврски.

Спијте што е можно повеќе
Една од главните причини за стрес е недостаток на сон, поради што ги извршуваме сите наши должности премногу уморни и со „половина мозок“.
Искористете ја секоја можност која ја имате како би го фатиле дополнителен сон и така да ја подобрите вашата продуктивност и да го зајакнете својот имунитет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОдлични класични модели на костими за капење за сончевите летни денови
Следна објаваФустани од тексас: совршена комбинација на кснтри шик + романтичен стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ