Диета во вистинско време!

Богат со витамини и биолошки активни супстанции, грејпфрутот топи килограми и брзо ве доведува во врвна форма за потоплите денови. Научниците досега откриле повеќе од 80 вредни состојки во грејпфрутот, а бројни меѓународни студии докажаа колку сестрано ова цитрусно овошје помага и во слабеењето.

Грејпфрутот е еден од најдобрите природни лекови против висок холестерол заради неговите меки мембрани во месото на овошјето, кое е богато со пектин и го топи холестеролот. Со оглед на неговите придобивки од забрзувањето на метаболизмот, не е ни чудо што е дизајнирана диетата со грејпфрут.

Времетраењето на самата диета е од 6 до 12 дена, а најважно е да јадете половина грејпфрут после секој оброк. Појадокот е ист секој ден и вклучува грејпфрут, кафе или чај и две варени јајца.

Оброк за ручек и вечера за 3 дена.
Прв ден
Ручек: 250 мл исцеден сок од грејпфрут, варено говедско месо, пилешко или риба, салата од домати
Вечера: грејпфрут, пржена риба, мешана салата од домати и зелена салата
Втор ден
Ручек: грејпфрут, 2 краставици и домати
Вечера: грејпфрут или 250 мл исцеден сок од грејпфрут, плескавица, 2 варени компири
Трет ден
Ручек: грејпфрут, салата од туна
Вечера: грејпфрут, два не масни свински стека, зелена салата
Пред спиење, пијте 250 мл сок од домати или 250 мл млеко по ваш избор секој ден.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВклучете корално црвена боја во вашиот плакар и сè ќе биде поинаку!
Следна објаваНајубави 5 пролетни парфеми!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ