Почнувајќи од 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ, серијата ќе се емитува секој понеделник и четврток, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето, епизодите ќе бидат достапни за гледање и на веб-страницата https://zokipoki.mk/ и на официјалниот  https://www.youtube.com/c/ZokiPoki.


Во меѓувреме, се запознаваме со актерот Матео Матоски, односно Боки од дружината на Зоки Поки. Матео е петто одделение во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје, тренира ракомет, слуша рап, игра „Фортнајт“ и обожава да јаде!

Низ серија прашања и одговори, во кратко видео, Матео ја раскажува приказната за тоа како „Зоки Поки“ му
станала омилената книга, открива за кого навива, кога бира да се игра надвор, а кога дома, како му се вика симпатијата, каде сака да оди на одмор, што сака да биде кога ќе порасне и уште неколку забавни детали.

Останатите улоги во серијата ги толкуваат децата-актери Матеј Настевски (Зоки Поки), Анастасија Аневска (Лидија) и Матеј Зимбаков (Гоки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев (таткото Филип), Даниела Иваноска (мајката Ивана) и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на бабата на Зоки, Оле.

СПОДЕЛИ
Претходна објава#Истражуваме #ЛетоBоМакедонија #Преспа
Следна објаваТренди пролетни здолништа
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ