Легендарните и класични, дво-бојни балетанки Шанел се синоним за безвременски стил и елеганција веќе 36 години

Во мода се облека и модни додатоци кои за време на неколку децении станаа прави икони за генерации на жени.

Овде можеме да ги додадеме и балетанките на модната куќа „Шанел“, амблем на лежерна и дискретна елеганција, дополнителен симбол на автентична и слободна жена.

Приказната почнува во 1957 година кога Габриел Шанел дизајнирала пар чевли во крем и црна боја кои до денес остануваат во срцето на љубителите на модната куќа. Комбинацијата, како што умно заклучила Коко Шанел, има двојна естетска функција: ако бежот всушност ја продолжува ногата со структурирање, црниот врв, благодарение на оптичкиот ефект, го скратува стапалото. Сè уште не било познато дека скоро 30 години подоцна, таа инспирација ќе се претвори во заложба за колекциите на Шанел.

Карл Лагерфелд, за колекцијата Ready-to-Wear 1984, инспириран од чевлите со потпетици на Коко Шанел, ги претвори во она што стана една од иконите на францускиот бренд: дво-бојни балетанки. Сите сонуваа за нив: едноставни, но софистицирани, сестрани и лесни за комбинирање, меки и супер удобни.

 

И по безброј верзии – украсени со ланци и испреплетена кожа или камелии, двојно С, со машна, каиш, сатен, кадифе или чипка, од ПВЦ, твид, велур или мазна кожа, металик или обоени, монохроматски или во светли комбинации , балетанките Шанел се сè уште задолжителни, сакани и сè уште многу копирани и денес!

„Клучни“ модели за пролет / лето 2020 година

Покриени со сребрена кожа, во црно-бела контрастна боја со сјаен ефект и во најновата верзија од твид, тегет црвена и бела боја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРозовата е новата боја во ентериерите за 2020
Следна објаваВо карантин: Што гледа, чита и слуша Селена Гомез!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР