Како да се привлече позитивна енергија во домот, а да се исфрли негативната

Верувале или не, постои позитивна енергија. Полнењето на вашиот дом со позитивна енергија е најдобриот начин да го претворите во место каде што можете да се чувствувате смирено и безбедно, далеку од стресот и негативноста.

Сè што треба да направите е да ги исчистите просториите, да го промените расположението и да побарате помош со мали трикови кои помагаат да се истера  негативната енергија и да донесат позитивни вибрации во домот. Избравме неколку точки кои ќе му дадат нов живот на вашиот дом.

Отворете ги прозорците и подигнете ги сите ролетни
Ако сакате да се ослободите од каква било напнатост или негативност, отворете ги вратите и прозорците за да влезе повеќе светлина. Кога сме нерасположени, преферираме да се криеме во себе, претпочитајќи темни места или меки светла. Да ги „исчистите“ вашите мисли и да ги апсорбирате сите придобивки од сонцето, добра е идејата да отворите сè што можете и да дозволите да тече позитивната енергија низ домот.

Искористете ги предностите на растенијата
Растенијата се природен филтер против сите видови на негативна енергија, особено стресот. Тие имаат смирувачка моќ и промовираат здрава животна средина со подобрување на квалитетот на воздухот. Очигледно, растенијата треба да бидат природни и здрави.

Користете есенцијални масла кои ќе направат да се чувствувате подобро
Ароматерапијата често се користи за намалување на напнатоста и стресот, а истото важи и за негативните енергии акумулирани во текот на денот кои ги депонираме во домот.

Купете добар спреј или свеќа и пуштете во околината есенцијални масла кои најдобро  одговараат на ситуацијата, вклучувајќи лаванда, роза, цвет од портокал, пачули или темјан.

Ставете малку сол во собите
Ако сакате да ја исчистите куќата од лоши вибрации, солта може да биде вашиот најдобар сојузник. Кристалите на сол се всушност способни да ја апсорбираат негативната енергија. Обидете се малку да наросите по куќата и оставете ја солта да работи барем еден час пред чистење или ставете во мали садови кои се поставуваат во аглите на собите.

Сменете го распоредот на мебелот
Мебелот исто така игра фундаментална улога во влијанието на вашата ментална состојба. Промената на вашиот аранжман на мебел, може да изгледа како безначајна работа, но може да има изненадувачки ефекти. Без прибегнување кон диктатите на Фенг Шуи, обидете се да го смените местото на масите и софите, сè додека не почувствувате ново чувство на благосостојба.

Сменете ги своите перцепции
Обидот да ја елиминираме негативната енергија во домот е бескорисен ако заборавиме дека ние сме првите енергетски носители и дека нашиот став, нашите емоции влијаат врз животната средина и луѓето околу нас.

Што и да правите, мора да се обидете да ги промените своите мисли (точно онака, како сте го смениле распоредот на мебелот во домот). Намалување на анксиозноста, стравот и  гневот е првиот чекор на започнување , а  колку и да изгледа тешко, не е невозможно.

Оставете сè лошо надвор од куќата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОдлични вежби за рамен стомак и совршен задник
Следна објаваИдеален појадок за слабеење
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР