:::Да се обидеме сите заедно да инвестираме во трајните вредности, а не во моменталните трендови кои немaат врска со нашиот личен стил.:::

Силвија Михајловска-(Модно студио Алшар).

Eдно од најпознатите модни имиња на македонската сцена е несомнено брендот ‘Алшар’ на чие чело стои дизајнерката Силвија Михајловска. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. После различните искуства, таа започнува поинтензивно да се посветува на создавање авторски модни колекции кои ги пласира во својот сопствен продажен салон. Нејзините уникатни дизајнерски парчиња секогаш раскажуваат една посебна приказна, фасцинантни, комплексни и колоритни со секоја нова колекција Силвија одново воодушева со својата експериментална техника на изработка.

Сите ние имаме различни стилови на облекување, но едно што ни е на сите заедничко е желбата да бидеме оригинални и патем забележани од својата околина. Студиото Алшар со своите рачно изработени креации и квалитетни материјали и овозможува на модерната жена да го постигне посакуваниот ефект носејќи ги моделите на креаторката Силвија Михајловска.

Во тек е изработка на новата пролетна колекција на Алшар, и по тој повод би сакале да и се заблагодариме на Силвија што одвои од своето слободно време да ни одговори на неколку прашања.

Силвија Михајловска-Алшар Студио

ДИВИАНАРТС: Силвија, најпрво би сакала да те запрашам дали според тебе е можно да се биде оргинален и инвентивен во денешно време кога се е премногу комерцијализирано посебно во модниот свет?

СИЛВИИЈА: Секако дека е можно, денес во светот постојат толку многу креативни дизајнери и вистинска среќа за нив  е кога тие можат да ги реализираат во пракса своите креативни идеи и сето тоа независно од постоечките модни трендови, продажбата и слични нешта kои се важни за профитот на една модна куќа.

Модел: Ана Ежова

Креација: ‘Модно студио Алшар’

ДИВИАНАРТС: Дали во Македонија има иднина за македонските дизајнери?

Силвија: Едно време модата во Македонија се движеше во добра насока што не е случај во последно време, како да се изгуби магијата…

Многу од талентираните дизајнери ја немаат можноста да направат барем по две моднии ревии каде би ги презентирале своите креации. Модниот викенд стана место за “ифлуенсерите” кои воглавно носат модели од Зара или Манго. Тие за жал не соработуваат со домашните модни креатори. Јас имам поинаков концепт на работа, моите креации доколку не бидат презентирани на ревиите што секако е најдобриот начин за пласирање на новите модни колекции, ние ги презентираме преку правење на чести фотосесии. Постојано изработуваме нови модели актуелни за тековната модна сезона кои се изложени во продажниот простор на нашиот бренд.

Картичка за лојалност која можат да ја добијат клиентит во Алшар.

ДИВИАНАРТС: Каде ја пронаоѓаш својата инспирација за креирање?

Силвија: Како сликар инспирацијата ја пронаоѓам во уметноста, филмовите, архитектурата и во одредени музички правци кои ми се блиски.

_______________________________________________________________________

ДИВИАНАРТ: Се повеќе се зборува за одржливоста во модата. Каков е твојот став околу ова прашање?

Силвија: Во мојата пролетна колекција вклучив парчиња од рециклиран џинс. Би било корисно сите да рециклираме по нешто. Девојките се повеќе се одлучуваат да купат едно квалитетно дизајнерско парче отколку неклоку ефтини од мултимилионските светски марки.

Да се обидеме  сите заедно да инвестираме во треајните вредности а не во моменталните трендови кои неммат веска со нашиот личен стил.

ДИВИАНАРТСЗа крај би те запрашала што никогаш не би облекла?

Силвија: Никогаш не би облекла класично сако или кошула , природно крзно, мокасини…ништо што изгледа неуредно или унуштена обледена ткаенина.

 

Модел: Ана Ежова

Креација: ‘Модно студио Алшар’

Фотографиите се позајмени од Студио Алшар.

Благодариме за соработката.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР