Повеќе од кога било, потребен ни е силен имунитет кој ќе нè заштити од вирусите.
Имунитетот се гради во текот на целата година со избор на здрава храна. Ако досега не сте потрудиле, крајно време е да го снабдите организмот со она што му треба најмногу – витамини од моќно свежо овошје и зеленчук. Најлесно е да го направите ова со помош на кашести или ладни цедени сокови.

Подолу имате рецепт за вистинска антивирусна бомба …

Состојки
300 мл сок од портокал
половина лимон
10 гр. корен од ѓумбир
2 парчиња лук
3 урми или 1 лажичка мед
2 киви
150 гр. ананас

Подготовка
Исцедете ги портокалите. Важно е да се конзумира свежо исцеден сок од портокал, додека сè уште ги содржи сите негови лековити својства. Излупете и исечете ги кивите и ананасот. Излупете половина лимон и ставете во блендер. Излупете ѓумбир и лук. Подгответе лажичка мед или урмите и ставете ги сите состојки во блендер и измешајте околу една минута.

Пијте го овој пијалак секој ден и вашиот имунитет ќе биде посилен од кога било.

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР