Ако не знаете утре што да се подготвите за ручек, ние ви предлагаме вкусни тиквички полнети со месо и моцарела.
Погледнете како изгледа рецептот за ова вкусно јадење.
6 тиквички
2 главици кромид
350 гр. мелено мешано месо
грст ориз (измиен)
1 јајце, сол, бибер, кари, магдонос и
100 гр моцарела

ПОДГОТОВКА:
Ситно исечкајте го кромидот во тава со малку масло, а потоа додајте го месото да се пропржи, а пред крајот, зачинете. Кога ќе се излади додадете ориз, јајце и ситно исечкани лисја од магдонос. Измијте ги тиквичките и секоја издлабете ја со лажица и пополнете ги со месото. Поставете ги во тавата, додајте малку вода на дното, покријте со фолија и ставете ги во загреана рерна да се печат на 180 C. По половина час печење, ставете моцарела на секоја од нив и вратете ги во рерната за сирењето убаво да се стопи и пече.
Уживајте во вкусно јадење, пријатно!

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајудобни и модерни канцелариски комбинации!
Следна објаваБрачна двојка која создаде современ дизајн на мебел!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР