Во една пригодна атмосфера додадете малку насмевка, скромност и нежност по желба.

Измешајте ги добро.

По мешањето зачинете со малку чувства.

Кога сето ова ќе се сталожи, но не премногу, почнете внимателно да го динстате, со неколку топли зборови, се додека не стане подготвено за ветувања.

Ветувањата додавајте ги полека и периодично.

Ако приметите дека смесата не е нарасната доволно, додадете малку лаги за подобар вкус.

Кога ќе ја добие саканата форма, оставете ја малку, па префрлете ја на топло и сигурно и чувајте ја една ноќ.

Утредента таа ќе биде подготвена за служење.

Служете ја веднаш бидејќи не е вкусна кога е студена.

Избегнувајте да ја држите на студени, мрачни и несигурни места затоа што тогаш спласнува.

Внимателно чувајте ја од озборувања и интриги и од време на време додавајте по малку љубомора за да остане во добра состојба.

Пријатно и со среќа!

Рок на траење: неограничен.

*непознат автор

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВелосипед со вашето име | Juri Zaech
Следна објаваСветот врз прстен | Philippe Tournaire
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР