Годишната колекција Chanel Metiers d’art беше прикажана во Париз на 4 декември.

Ова беше осумнаесетта колекција за легендарната модна куќа, дизајнирана од Вирџини Виар, наследничка на Лагерфелд. Таа, Гранд Пале го претвори во импровизиран стан на Коко Шанел за една ноќ. Покрај импресивната облека, моделите прикажаа неверојатни модни додатоци кои најдобро ја претставуваат макотрпната уметност на малите атељеа и златните раце на мајсторот на куќата Шанел.

Во колекцијата беа претставени привезоци во облик на шишенца за парфеми, торби кои личеле на златни кафези на птици, додека брошеви и цвеќиња покривале кожни торби. Златните чевли со контрастни врвови и кокетни машни на ремените беа посебен детаљ за убавиот стајлинг.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако и со што да го носите модерниот „goose’s foot“ принт!
Следна објаваЏенифер Лопез и Кендал Џенер во футуристичка реклама за Версаче!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР