Сосема разбирливо е дека разделувањето и разводот се тешки за сите кои се вклучени во него, но сепак оние кои највеќе страдаат се децата. Токму затоа, фондацијата SIRE (Фондација за идеализам во рекламирањето), ја направи оваа трогателна рекламна кампања, за да ја подигне свеста кај родителите кои се разделуваат, колку штетни ефекти има разводот врз нивните деца.

Често пати сопружниците, во жар на кавга кажуваат работи кои како копје ги прободуваат детските души. Ваквите зборови оставаат долгорочни, негативни последици врз детската психа кои можат да траат цел живот и да го обликуваат однесувањето и ставот на децата низ годините кои доаѓаат.

Кампањата е насловена како “Обележани за цел живот”, а на фотографиите се прикажани деца на чија кожа се истетовирани зборови кои ги начуле, додека родителите се расправаат.

“Мајка ти не уништи сите”

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Ако одиш со татко ти, можеш таму и да останеш”

“Посакувам да немавме деца”

“Заборави го татко ти. Тој веќе те заборави тебе”

Коментари

коментари

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР