Запознајте го Боби Дојчиновски – наш млад, талентиран и перспективен фотограф и кретаивец. Во моментов Боби работи како ИТ систем менаџер, но она што му е прва љубов е објективот и фотографијата.

Тој почнува да фотографира уште во 2003 година за потребите на тогаш оформениот фото – кино клуб “Чкрап” и продолжува да се усовршува и да гради свој препознатлив стил, во текот на наредните години. По неговата преселба во Њујорк, пред речиси две години, неговото внимение го привлекува уличната фотографија како резултат на околината, случувањата, луѓето  и енергијата на “градот кој никогаш не спие”.

Негово последно дело е видеото кое ги преплави социјалните мрежи и интернет порталите, а кое е снимено на настанот одржан за да му се оддаде почит на големиот Don Cornelius (познат водител на соул радио).

“Случајно се најдов таму, го снимав настанот и го постирав на You tube. За кратко време постигна бројна гледаност, а организаторите ме контактираа за да побараат дозвола видеото да се стави како официјално видео за настанот, па дури и пејачката на групата “DEE – LITE”,чија музика ја искористив во видеото оствари контакт за да ми каже дека видеото и се допаѓа ” – вели Боби.

За себе вели дека не сака многу да зборува и дека е скромно момче.

Ние само ќе додадеме дека тој е доказ кој зборува за тоа дека и покрај скромноста, квалитетот секогаш наоѓа пат да избие на површина..  Divianarts му посакува успех и среќа понатаму. :)


Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПокана за промоција | Парада на марионетките
Следна објаваОбележани за цел живот
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР