Декорирањето на домот во пресрет на новогодишните и божиќните празници е скоро исто забавно како и отварањето подароци во новогодишното утро.

Без разлика дали вашите гости доаѓаат на празнична забава или сакате да го потикнете празничното расположение, да ја украсите својата куќа за вашето семејство, новогодишната и божиќната декорација со вклучување на традиционалните украси е задолжителна секоја година.

Идеите за дизајнирање на совршена елка или влезна врата, можете да ги најдете на секој чекор, но ако малку подобро размислите, едни од најголемите површини во вашиот дом сигурно копнеат по украсите, а тоа се вашите sидови.

Од венци исполнети со бобинки до впечатливи украсни дисплеи, украсувањето на вашите sидови е наједноставен начин да го прифатите празничниот дух кој честопати го забораваме, а ние подолу ви прикажуваме неколку идеи како да ги украсите.

Традиционална сигнализација

За традиционалните љубители на новогодишните и божиќни украси, препорачуваме украси кои висат со традиционални натписи, како што се “Среќна Нова Година” и  „Среќен Божиќ“ или со стикери залепени на sидот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 5 трендови за есен / зима 2019/20 година!
Следна објаваDior – го покажа главниот дезен за следната 2020 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР