Вечер на современ танц и видео/филм со авторите Искра Шукарова, Лени фон Гелева и Јохан Мелин (Шведска).

На 28 ноември во 20.30 во кафе и филм КОТУР, Искра Шукарова иницира настан каде ќе бидат прикажани премиерно еден филм и еден видео гиф кои го истражуваат спојот на движењето (современиот танц) и филмот.

Како пред проекција ќе биде прикажан видео гифот Танцот за магарешкиот трн од фотографката Лени фон Гелева во соработка со кореографката Искра Шукарова, а потоа ќе биде прикажан филмот D’Girlz од режисерот Јохан Мелин (Шведска) во соработка со кореографот Искра Шукарова.
После проекцијата како продолжение на настанот со почеток во 21.30 Јохан Мелин (Шведска) и Лени фон Гелева ќе имаат заеднички диџеј сет каде ќе спојат Инди и Електро музика.
Инцијативата за овој настан според Шукарова произлегува од потребата современиот танц да се спои со видео и филм. Кореограф и професор при ФМУ-УКИМ (катедра за балетска педагогија) Искра Шукарова, соработува со два автори на два проекти на темата танц и филм.

Видео гифот Танцот за магарешкиот трн е резултат од соработката помеѓу фотографката Гелева и кореографката Искра Шукарова во кои се комбинираат двата главни интереси на двете уметнички- фотографија и танц. Филмот се состои од фотографии на кои е претставено движење поврзани околу мотивот на магарешкиот трн, кој е симбол за издржливост и во најтешките услови. Прикажувањето на оваа тема е еден дел од истражувањето на оваа тема помеѓу Шукарова и Гелева. Во оваа фаза е претставена симбиозата помеѓу фотографијата и танцот која се преточува во видео каде што фотографијата преоѓа во движење.

Во филмот D’Girlz Шукарова заедно со режисерот Јохан Мелин (Шведска) соработува во насока на истражување на танц како дел од филмската насока ‘one – shot’. Филмот е снимен во градскиот парк како дел од практичен тренинг на студентите при ФМУ-УКИМ (катедра за балетска педагогија). Целта на истражувањето во филмот беше спонтаноста и интеракцијата на изведувачите со природата, испитувајќи го движењето како дел од филмскиот кадар. Ова е еден пионерски чекор во насока да се најде спој помеѓу современиот танц и експерименталениот филм. Овој филм влегува како дел е проектот Nomad to Nomad во соработка со Polynia Films. Учествуваат студенти од 1,2,3 и 4 година (Христина Ангеловска, Марија Ристеска, Теодора Ежовска, Ана Марковска, Ивана Балабанова, Росана Стефанов, Елена Костадинова,Тања Василевска, Милена Гаврилова).
После проекцијата на двата филма ќе има дискусија со студентите при ФМУ (катедра за балетска педагогија), и со авторите Искра Шукарова, Јохан Мелин и Лени фон Гелева.

ИЗВОР,ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА НА `КОТУР`

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР