? ? СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО ? ?
7-ми Интернационален детски фестивал на театар на сенки
25-27 ноември во МКЦ

Претстави, работилници, изложба и по некое изненадување ❤️
? Билети 150 денари на билетарница на МКЦ и online на bileti.mkc.mk
Информации на ☎️ 078 857 190

? ? ПРОГРАМА: ? ?
? 25 ноември 2019 – понеделник ?

➡️ „СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ“
Luz Micro y Punto – Шпанија ??
⏰ 19:30 ч. / 50мин.
? 6+ год.
? Сцена Фросина
Лејди Ди Фјуз е композитор која ја поминува целата ноќ барајќи мелодија. Исцрпена, заспива над инструментите и кога се буди, конечно наоѓа инспирација. Возбудена, почнува да ја свири новата песна, од чии музички ноти слики ќе бидат родени, кои со светлина и сенки, ќе ни раскажат приказна.
Две марионетки од полиците со книги, се будат со човечки способности. Со светлината и музиката ќе ги оживеат предметите и ќе ја раскажат приказната за врската помеѓу дрвена кукла и сино јајце.
„Светлосни години” зборува за сон, за копнеж и за нераскинливата поврзаност помеѓу две битија; приказна за другарство во еден уникатен свет направен од музика и бои.
Современ театар на сенки во кој е дозволено да се гледа поставувањето на сцената придружено со музика.

? 26-ти ноември 2019 – вторник ?

➡️ „ЦРНА ШКОЛА“
Фабијан Штроебер – Германија
Проекција/презентација на стоп анимација со сенки.
⏰ 18:00ч. / 13мин филм + 45 презентација
? 15+ год.
? Џебно кино
? македонски/германски
Сиромав сирак, во обид да ја утоли гладта, ја прифаќа понудата на непознатиот: да живее безгрижно како чирак во една воденица. Предоцна ќе примети дека тоа е стапица. Но животот има изненадувања за него…
Авторот Фабијан Штроебер (роден 2004) го изработува филмот со сенки со техника стоп анимација во рамките на училишен проект. Компонирањето и изведбата на музиката за филмот се исто така негово дело.

➡️„ЦИРКУС АНИМУС”
Cia Quase Cinema – Сао Паоло, Бразил ??
⏰ 19:30ч. / 40мин.
? 3+ год.
? Сцена Фросина
Дојдете! Дојдете сите! Дојдете да ги видите
спасените сенки на најголемиот акробат на сите времиња,
на најстарите скротувачи на животни и многу атракции
кои оставаа без здив кралеви, кралици,
принцеви и принцези на најголемите кралства.
За да ги спасиме овие сенки кои беа изгубени во време и простор, моравме да го заробиме единствениот магичен ловец на сенки сè уште жив на земјата, кој денес ќе претвори слон во глушец

? 27-ми ноември 2019 – среда ?

➡️ „АЛИСА И ЧУДАТА“
Сенки и облаци / Shadows and Clouds – Македонија ??
⏰ 19:30ч. / 30мин.
? 4+ год.
? Сцена Фросина
Преку уникатното визуелно изразување со помош на сенките, светлината и белото платно, оваа претстава си поигрува со фантазијата на публиката, притоа, не заборавајќи да потенцира дека сите ние заеднички ја делиме одговорноста за времето да почне да се движи и часовникот најпосле да проработи.

“Колку трае засекогаш?
Толку нешта се случуваат, а ништо не се променило…
Колку е часот?
Предмалку беше 6, a сега е повторно 6.
Засекогаш 6.”

Театар „Сенки и облаци“ ја разгледува темата за постоењето на времето како можеби единствениот репер за допир со реалноста. Алиса на своето патување во земјата на чудата среќава разни ликови, секој од нив со свои длабоки верувања за тоа што претставува времето, а кои единственото нешто што ги поврзува е состојбата на истовремен хаос и статус кво.

➡️ Работилница – „ВО ДВИЖЕЊЕ“:
Работилницата ќе биде водена од Tеатарот на сенки од Бразил – Cia Quase Cinema и Бразилски Културен Центар од Скопје.
⏰ 18:00-19:00ч. – среда
? 3+ год.
? Горно фоаје на Сцена Фросина

Инсталација: “Облаче за секое дете” претставува продажна изложба на светлосни објекти за кои инспирација се небото, облаците и детската слобода. Креирани се од реупотребени материјали во рамките на ХОПС. Средствата собрани од продажбата на делата се наменти за децата со кои соработува ХОПС.

⏰ 25-27.11.2019
? Долно фоаје на Сцена Фросина
Изложба: Традиционални кинески кукли за театар на сенки, изложени во умешно изработена сценографија од страна на дечињата кои ја посетија работилницата за вешто сечење хартија под водство на Институт „Конфуциј“ Скопје/Confucius Institute Skopje и Сенки и облаци / Shadows and Clouds.

➡️ Организатори: Круме Стефановски, Катерина Стефановска, Благородна Коцева Симјанов, Александра Стојановска, Дарко Богески
➡️ Графички дизајн: Драгица Николова

Благодарност до сите наши пријатели кои помогнаа овој сон да се оствари.

?️ Цената на билетот за претставите и проекцијата е 150 ден.
БИЛЕТИ НА БИЛЕТАРНИЦАТА НА МКЦ, а наскоро и онлајн…

Повеќе информации ☎️ 078 857 190
shadowsandclouds.theater@gmail.com

ИЗВОР, Интернационален детски фестивал на театар-`СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО`

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР