Големиот, операционен гест доминира во 36тиот роман на Стил – добар пример за тоа како животот се обидува да го искриви и пренасочи нашиот морал, заедно со нашите цели за на крајот да доживееме повик за будење…Вид на роман кој Ве тера да си признаете,„да, постои љубов и надеж во светот“, цврство создаден, крајно авантуристичен во приказна која ја храни честа против амбицијата.

Питер Хаскел го има сето тоа: убава сопруга, три возрасни синови, претседателска фотелја на најголемата и светски позната фармацевтска фирма, како и иновативна формула за нов лек, Викотек, за кој се верува дека ќе ја револуционизира хемотерапијата. Додека се чекаат резултатите од финалното тестирање на француски специјалист на Викотек, Питер, кој отседнува во хотел Риц, Париз, иманентно го става во близина на Оливија Тачер, сопруга на сенеторот на Вирџинија чии амбиции директно ја узурпираат Белата куќа. Таа е заробена во мрежа на должност и обврска, со човек кој сега и не го познава, како последица на смртта на нивниот малечок син. Исчекувањето е големо, напнатоста во широки размери: во таков момент, доаѓа најава за бомба – настанува општ хаос, Риц автоматски доживува евакуација, а афирмираните гости бегаат секој на своја страна за да се спасат. Некаде меѓу нив се и Питер и Оливија.. заедно. Светот на Питер почнува да се руши кога дознава дека нековиот револуционерен лек не е чудо туку потенцијален убиец. Но она што е од важност при таквиот тек на настаните во срцевината на најмагичната метропола е што Питер ќе и пријде на Оливија, на скалите на Монмартр. Внимателно, тивко, во еден вонтелесен момент двајца странци ќе си ги заплеткаат животите. Ќе сфатат дека душите им се слични, ќе препознаат пријател еден во друг и ќе си признаат дека браковите и животите им се, всушност, празни.
Пет дена во Париз е се она што заеднички го имаат.

Кога Оливија исчезнува, само Питер се сомнева дека тоа може да биде нешто освен валкана игра…
Враќањето дома означува враќање на старите навики, обврски и морал и покрај предизвиците, компромисите и предавството. Се што тие веруваат е ставено во игра се додека и двајцата не сфатат дека компромисот е се она што ги спречува да бидат заедно. Преку нивната приказна, самиот читател доживува расплет со себеси и своите навики, еднаш засекогаш.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнспирирано од природата
Следна објаваМалечки и модерни
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР