Младата модна дизајнерка Моника Блажевска која веќе е етаблирано име на македонската модна сцена, неодамна ја престави својата нова модна линија ~Unity~ за сезоната есен/зима 2019/20. Гламурозна и софистицирана во своите внимателно и рачно изработени креации, таа блеска на сцената со својата имагинативност и оргиналност која успешно ги вткајува во своите модни парчиња.

Нас ни припадна честа први да ја погледнеме нејзината најнова модна линија во изложбениот простор кој се наоѓа во ТЦ.Беверли Хилс, Капиштец која како и секогаш содржи своерачни авторски модели кои изобилуваат со многу мистика и имагинација, а се направени од високо квалитетни материјали. Истите се наменети за вистинските вљубеници во естетиката, изразени индивидуалци кои се спремни храбро да ја покжат својата гламурозна и софистицирана страна. Има една поговорка која вели ако сакате да ја носите уметноста на себе, тоа може да го сторите преку селективно избрани модни парчиња. Драги наши дами, ова е вистинската можност да го сторите тоа заедно со нашата харизматична малада дама, Моника Блажевска.

Погледнете дел од оваа прекрасна колекција на БМ ДИЗАЈН,МОНИКА БЛАЖЕВСКА. 

Фотографии; Зоран Поповски-Аверел

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 5 модни додатоци за есен!
Следна објаваЗаврши 5-от по ред NASA Kids Space Challenge 2019
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР