Поводот за создавање на проектот наречен (MAISON MATISSE) е 150 годишнината од раѓањето на еден од великаните на европската уметност Анри Матис,(сликар, вајар, графичар) кој со своето творештво остави траен белег на светската уметничка сцена . Иницијативата потекнува од неговиот четврт по ред наследник, Jean Matthiew Matisse, кој го довери на реномираните уметници,(дизајнери)- Ronan & Erwan Bouroullec, Jaime Hayon,  Alessandro Mendini(покоен). 

Цели десет години биле потребни за да се осмили и во целост да се реализира оваа идеја која преставува совршен начин да се прослави уметноста на Матис и да се долови неговиот дух на создавање на уметнички дела. Во делата на гореспомеатите дизајнерски имиња преовладуваат геометриските облици, листовите и други мотиви на растенија кои се застапени во оргиналните творби на Анри Матис.

~~ВО ПРИЛОГ НА ТЕКСТОТ, ИЗДВОИВМЕ ДЕЛ ОД ОВАА ПРЕКРАСНА КОЛЕКЦИЈА~~

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР