Маја Кикириткова, нашата позната дизајнерка ја претстави својата нова колекција. Колекцијата за оваа сезона есен/зима е поделена во два сегменти или во две сезони, есенска и зимска колекција.

Есенската колекција е инспирирана од природата и е поделена во пет сегменти. Во првиот сегмент е застапен животинскиот дезен, во комбинација со еко кожа, вториот е песочен каде преовладуваат земјените тонови. Третиот сегмент е златно-зелен,  четвртиот безвременски каде преовладува црната боја и петиот и последен е сиво-син. 

Приказната за целата колекција на Маја Кикириткова е спојување на овие пет сегменти, каде што животните во есен чекорат по песок и златно-жолти лисја, црно како неизбежен дел и евергрин засекогаш и сиво-плаво асоцијација на небото. Кога се гледа целата колекција во целина можеме да погледнеме еден пејсаж на есенска убавина надополнета со животински свет. Целата колекција е надополнета со златни детали, како копчиња, патенти и токи. Како и досега повторно е задржан моментот на “оуверсајз” парчиња облека.

Погледнете ја колекцијата на Маја Кикириткова.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР