Одмор во англиска провинција е нешто што секој мора да го доживее барем еднаш …

The Langley, Luxury Collection hotel во Bakinghamshire, планира да го пренесе ова искуство на едно ново ниво. Отворен пред само неколку недели, овој луксузен хотел кој се наоѓа во срцето на Bakinghamshire и Lengley Park, всушност е првиот Luxury Collection hotel на периферијата во Велика Британија.

 

Хотелот има само четириесет и една соба, а секоја од нив е убава на свој начин. Главната зграда на Langley Park House била изградена помеѓу 1756 и 1760 година,  а во неа се наоѓа најлуксузното сместување, вклучувајќи го и декадентниот апартман на Војводата од Марлборо.

Ленгли Спа е уште една причина заради која треба да го посетите ова место. Опремено со погодности од светска класа, како што е базенот за виталност, амам,  сауна од смрека и прекрасен базен со мермерни sидови, ова спа е оаза на мир и релаксација.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМакси фустаните се секогаш совршен избор!
Следна објаваПогонскиот мотор на Porsche за Formula Е
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР