На третото по ред издание на винско-модниот настан `Вино на Штикли`, кој традиционално се одржува  вo `Forza Wine Bar&Restaurant` учество ќе земе нашата млада модна креаторка и уметница прекрасната Моника Блажевска.

Поситетителите покрај тоа што ќе уживаат во дегустација на рзлични видови на вина, тие ќе можат да го проследат и модниот перформанс во кој многу познати  телевизиски личности, како и личности од нашата естрада ќе ги носат моделите на Бм Дизајн, Моника Блажевска.

Како и секогаш уникатно изработените модели со вештите раце на Моника ќе ја воодушеват публиката и вљубениците во модата и високата естетика. За оваа пригода сино-златната комбинација или (Royal-Blue) ќе биде во фокусот на модна колекција. Прекрасен избор, со сигурност е комбинација која предизвукува самоувереност и моќ кај сите оние кои ќе одлучат за истата.

За музичкиот дел од програмата ќе биде задолжена поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд ќе ги забавува гостите со своите најголеми хитови, но и со дузина познати светски и регионални актуелни песни и евергрини. Пред и потоа, присутните ќе се журкаат со DJ Branchez и неговиот специјално подготвен ди-џеј сет за таа прилика

Долгоочекуваниот настан ќе се одржи на 3 јули со почеток во 20.00h.

Присуствувајте на главното место на забавата во македонската метропола вечерта на 3 јули.

Се гледаме,повелете да уживаме заедно во убавите нешта!

Прекрасната млада креаторка Моника Блажевска

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР