На само шестнаесет километри од аеродромот во Дубаи, хотелот Ал Бајт Шарјах не наведува повторно да сонуваме за овој емират …

Кога размислувате за Обединетите Арапски Емирати, најверојатно прво на ум ви е Дубаи со своите високи облакодери, вештачки острва во облик на палма и мега трговски центри со централна климатизија. Сепак, Шарјах, северниот сосед на Дубаи, кој е на само шестнаесет километри одалеченост, не е претерано познат. Овој емират е прилично конзервативен и заспан во однос на другите, поточно, таков беше до сега. Со отворањето на Ал Бајт Шарјах, првото луксузно одморалиште на емиратот, Ширјах сега нуди прекрасна алтернатива на сјајот и гламурот на Дубаи.

Овој хотел се наоѓа во близина на воден канал, каде што повеќето од зградите се од деветнаесеттиот век. Неколку чекори од влезот во хотелот има старомодно едро, каде што бедуините некогаш се собирале, а сега се продаваат материјали има кројачи, модерни бутици и парфимерија.

Педесет и три соби и апартмани од овој хотел вклучуваат неколку сместувачки единици изградени на темелите на куќите што некогаш припаѓале на најпрестижните семејства на овој емират. Украсени во традиционален стил, со софи во арапски стил, рачно изработени парчиња дрвен мебел и декоративни детали од месинг, тука собите дишат со романтичен и гостопримлив стил.

Атракциите на Дубаи ќе ви бидат на дофат ако останете во овој хотел, благодарение на флотата на Мерцедес-Бенц со приватни возачи. Шарјан некогаш беше прогласен за главен град на арапскиот свет, и може да ви понуди многу активности за да уживате.

Значи, ако сакате да ја замените сета бучава на Дубаи, посетете го романтичниот Шарјах Ал Бајт.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасен летен накит!
Следна објава„Љубов и револуција“ – 29 јуни во Градски парк Скопје!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР