Основачот на Амазон, милијардер и најбогат човек во светот, Џеф Безос, купи три одделни станови во Њујорк, со вкупна цена од 80 милиони долари …

Трите станбени единици вклучуваат пентахаус на три нивоа. Вкупно, становите имаат дванаесет спални соби. Крајната цена на продажба на пентхаусот не беше јавно објавена, иако на пазарот беше по цена речиси од 58 милиони долари. Според јавно достапните податоци, другите две единици биле продадени по цена од вкупно 28,5 милиони долари.

Зградата, која се наоѓа на Петтата авенија, била изградена во 1912 година и главно се користела за производствени цели, а подоцна била претворена во околу 50 апартмани кои се изнајмуваат или се продаваат. За да креираат пентхаус на три нивоа, на врвот од зградата биле додадени два ката. Благодарение на овој додаток, добиен е приватен павиљон со отворен простор, вклучувајќи парцијален стаклен под кој е креиран како светларник.

Внатрешноста е дело на Pembroke & Ives, со палета на бои кои главно се потпираат на неутрални тонови и мермерни акценти.

Една од спалните соби има прекрасни прозорци кои гледаат кон NoMad, додека една од трпезариите има интересен дизајн на дрвен под.

Сеуште не е познато каква намера има Џеф Безос со овој стан, дали тој ќе биде негова постојана резиденција, бидејќи, како што веројатно знаете, тој скоро се разведе од својата долгогодишна сопруга.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРијана е прогласена за најбогата жена во музичката индустрија!
Следна објаваЗошто треба да седите додека јадете?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР