Top 10 glavnih komada ovog leta

Новите колекции блескаат со различни трендови, а во продавниците не е лесно да се изберат само неколку парчиња за летната сезона. Познати ситуации?

Ви помагаме  – без кои парчиња ни една модерна девојка нема да може ова лето.

Мала торба од слама. Изберете мали модели за дневни излегувања. Моделите со мали школки се особено интересни ова лето.

Torba od slame

Сандали
Не било какви , туку со мала пета и тенки ленти. Најоптималната боја е бела. Таквите сандали апсолутно одговараат со сè!

Sandale

Миди здолниште
Може да биде сатенско здолниште, ленено, набрано или со копчиња на предната страна. Не плашете се да направите избор во корист на светли отпечатоци. Носете такви модели со бели блузи со широки ракави и папучи кои се во моментов релевантни.Midi suknja

Шапка

Оставете ги капите и Панама шапките до есен, а во жешката сезона се носат сламени шапки: големи со широк обод и разиграни како оваа на Мисони.Å eÅ¡ir

Tie-dye
Најмодерниот отпечаток за сезоната пролет-лето 2019! Почит кон 1970-тите и уште една причина да додадете светла палета во вашата гардероба.

Tie-dye

Папучи
Отворени папучи со висока пета или рамни со затворен врв – овие папучи ќе бидат одлично дополнување на секое летно издание. Носете ги со бермуди, фармерки или макси фустани.

Papuče

Каиш – торба

Тоа што ќе го најдете нема да ве разочара: кожните торби со многу прегради и џебови ќе ги надополнат летните фустани и панталони.KaiÅ¡ - torba

Велосипедски шорцеви
Да, тие се се уште со нас. Овој пат со светол отисок и со сите видови женски комбинации – со високи потпетици, женствени блузи ..Biciklističke

Неон
Во вашата гардероба мора да има најмалку едно парче во неонски нијанси. Можете да изберете само модни додатоци, на пример, очила за сонце или ранец, а можеби и цел фустан, па дури и панталони. Во секој случај, неонски бои – се must have во летната сезона 2019.

Neon

Бисери
Привезоци, прстени и обетки, дефинитивно треба да бидат украсени со бисери оваа сезона. Елегантна и минималистичка декорација – е се што ви треба ова лето!Biseri

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТочките се летен детаљ!
Следна објаваДознајте зошто треба секој ден да пешачите најмалку половина час?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР