Што ви паѓа на ум кога велите “патување”?

Купување на евтини авио билети? Незаборавно зајдисонце на Instagram? Планински  премини со тешки ранци? Секое патување може да биде возбудливо и авантуристичко – и многу повеќе од голтка Маргарита на сончева плажа.

Не е новина дека патувањето е добро за физичката кондиција, но, она што е уште поубаво, според психолошките истражувања е истражувањето на нови локации – што е многу корисно за менталното и емотивното здравје. Со други зборови, патувањето нè прави посреќни.

Еве 8 причини зошто:

Зголемена самодоверба

Samopouzdanje raste

Запознавајќи се со друга култура и начин на живот, ние учиме да ги решаваме проблемите во непозната ситуација, што нè прави пофлексибилни, трпеливи и посилни, што ја зголемува нашата самодоверба.

Nova prijateljstva

Нови пријателства
Се согласуваме, полесно е да се најдат нови пријатели на патување отколку кога се движите по вообичаената рута за работа. Вашиот “сосед” на летот до Лондон може да стане ваш сопруг, сопатник на ексукрзиите, може да ви стане иден работодавец, а симпатичната девојка со која сте нарачувале коктели во бар во Чикаго може да биде доживотна пријателка. Ова се вистински приказни кои можат да ви се случат.

Pozitivne emocije

Позитивни емоции
Искрената љубезност не зависи од нивото на благосостојба и лесно предизвикува взаемни чувства – гледајќи ги широките насмевки на лицата на жителите на филипинските села, невозможно е да не се насмееш. Па, ако оваа навика стане вистински придружник – светот заслужува ширење на позитивна епидемија.

Ponovni susret sa porodicom i prijateljima

Повторна среба со фамилијата и пријателите
Со напуштањето на познато опкружување и блиските луѓе, долго време или не, учиме повеќе да ги цениме. Никој нема да ги слуша приказните за авантурите во далечни земји со внимание и љубов како пријателите и роднините. Па, тогаш, неверојатната  средба по догото отсуство секогаш дава посебни емоции.

Online zavisnost

Онлајн зависност
Не ја користат сите оваа шанса, но сеуште има неверојатно убави места на планетата каде Wi-Fi и мобилните комуникации не стигнуваат. Патувањето без пристап до мрежата е добро, бидејќи ви овозможува да уживате во моментот “овде и сега”, заборавајќи ги здодевните пораки.
Uživajte sami

Уживајте сами
Патувањето ви дава можност да го вратите балансот, да го намалите стресот на ветрот, да се нахраните со сончева енергија, да најдете време да бидете сами со себе – дури и ако ова е патување во големо друштво.

Nove impresije

Нови впечатоци
Од патувањето носиме многу впечатоци што остануваат засекогаш – во меморијата, во постовите по социјални мрежи, видеата и фотографиите. На секое патување чувствуваме дека светот е поголем, подобар и поразновиден отколку што ни се чинел  пред неколку секунди. Ви се чини дека можете да се движите од еден континент до друг. Поглед кон морето и тоа веќе е среќа!
Vraćanje na ista mestaВраќање на истото место

“Патувањето за мене е неверојатна можност да станам подобра и пообразована, да се запознаам себеси и светот”, вели Дарија Сиротина, автор на популарниот туристички блог darsik.com. “Кога фрагментите се поврзуваат во една слика, кога некаде на работ на земјата ќе ги видите деталите во кои ја читате римата со нешто добро познато за вас, тоа е возбудливо чувство. Големо задоволство е да фотографирам на моите патувања. Но, најголема среќа е да се вратиме таму каде што се чувствувавме добро “.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако модерните жени носат одела со пантолони
Следна објаваМеталик тренд преку ден!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР