Нашата млада и успешна уметница и модна креаторка Моника Блажевска чие име стои зад брендот `БМ ДИЗАЈН МОНИКА`е присутна повеќе од три години на уметничката и модната сцена во нашата држава. Велат дека модата е единствената уметност која секогаш можеме да ја носиме со нас каде и да одиме. Моника е првата уметница на нашите простори која ја соединува модата и уметноста во една симбиоза од која ви го одзема здивот. На 13ти овој месец, ресторан-барот `The Loft` со почеток во 20.00 часот ќе биде главното место на забава во нашата метропола каде ќе се одржи ивент кој ретко може да се види на нашите простори. Моника ќе се претстави со својата нова уникатна рачно изработена колекција составена од ..10 костими за капење, додека останатите 20 се цртани фустани, маици, елеци и панталони. Во еден несекојдневен амбиент и уникатна атмосфера сценски ќе бидат поставени платната покрај кои ќе прошетаат убавите модели презентирајќи ги уникатните модели на себе. По повод овој настан имаме чест да и поставиме неколу прашања на нашата млада авторка.

Дивианартс: Моника, Вие сте успешна млада жена и прва во нашата земја која направи еден фантастичен спој помеѓу уметноста и модата, како дојдовте на таа идеја?

Моника; Околу идејата, сосема случајно за прв пат една моја клиентка побара да и ги нацртам нејзините еднобојни маички, кои излегоа прекрасно, од црни еднобојни станаа вистински уметнички дела…потоа почнав и со изработка на фустани, наметки, марами и чевли и од сето тоа по едно изработено уникатно парче. За прв пат годинава мојата идеја успеав да ја реализирам со брендот Сара Фешн, изработив една колекција на рачно цртани костими за капење, инспирирани од портретот на Мерлин Монро, Одри Хепберн, како и апликативни решенија од животни, леопардот како најбаран мотив, а од морскиот свет златна рипка, школки, делфини и.т.н.

 

ДИВИАНАРТС: Вие сте одличен пример за истрајноста на остварување на еден сон, што би им порачале на младите генерации?!

Моника:На младите генерации би им порачала да не се откажуваат од својот сон толку брзо, да бидат истрајни во било која работа што ја работат, да вложат премногу љубов и енергија, јас сметам дека сум таков пример и ќе ми биде задоволство идните генерации на уметници и дизајнери да научат од мојата нова уметност каде е споена модата и дизајнот во едно.

Ви Благодариме, ни беше огромна чест што ни одговоривте на поставените прашања, ви посакуваме многу понатамошни успеси во кариерата, и се гледаме на овој прекрасен моден настан.

Во продолжение погледнете дел од прекрасната колекција на убавата Моника!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако се носат украсните шноли за коса!
Следна објаваПилинг за целото тело од остатоците по утринското кафе!
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР